Се сомнева дека трансродовата тиктокерка била масакрирана до непрепознатливост од страна на 33-годишен маж со кој била во врска.
Осакатеното тело на трансродовиот тиктокер Ноа Миливојев (18) беше пронајдено во четвртокот во стан во центарот на Белград, а голем број граѓани синоќа се простија од неа оставајќи цвеќе и знамиња и палејќи свеќи на плоштадот на Републиката. Сепак, на социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како непознат млад човек фрла знамиња, пренесува порталот Мондо.
-Непознато лице синоќа го шутна цвеќето положено до споменикот на кнезот Михаил во центарот на Белград и ги искина и фрли знамињата во боите на виножитото, кои беа поставени во спомен на убиената тиктокерка Ноа Миливојев (18). Да потсетиме, Нова беше трансродова личност. Таа вчера била пронајдена мртва во стан во центарот на Белград, а за нејзиното убиство е уапсен Огњен Д.(33).
Во најстрогиот центар на Белград синоќа се случи страшен излив на омраза кога, засега непознато лице, облечен во црно се приближи до споменикот на чии скали беа положени букети цвеќе, запалени свеќи и подигнати знамиња од виножитото.
На видеото кое кружи на социјалните мрежи, може да се види како тој ги клоца и гази цвеќињата, а потоа го грабнува знамето со виножито, симбол на ЛГБТ популацијата и го кине.
Засега не се знае дали полицијата го идентификувала осомничениот млад човек.
Голем број луѓе ја следеа Нова на социјаните мрежи, најмногу на ТикТок каде таа споделуваше детали од својот живот.
Pola sata nakon što je skup završen, lik je došao, pobacao cveće i zastave. Ovo je toliko jezivo i bolesno, da nemam reči! Njemu su se prdružili drugi gadovi koji su potom šutirali sveće i cveće.
Da li neko možda prepoznaje momka sa snimka? pic.twitter.com/NtG8pCyKFA
— Alexis VanderCunt (@AlexisPlastic_) July 6, 2023