Пејачот Ламбе Алабаковски е уапсениот потпалувач на влезот на клубот „Иван Михајлов“ во Битола, неофицијално дознава „Слободен печат“ .

Алабаковски неодамна се врати со семејството од САД во родниот крај и изјави дека повеќе сака да живее во Македонија.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предмалку на својот Фејсбук профил соопшти дека сторителот Л.А.(34) од Битола го предизвикал инцидентот во саботата рабо наутро. Пејачот беше најавен дека ќе настапи на мега концертот на „Меморија“ во сабота како специјален гостин.

Описот на пироманот од Битола, го даде бугарската министерка Теодора Генчовска која веднаш по настанот се упати од Скопје во Битола каде беше брифирана за сторителот во полициската станица.

– На снимките на една од камерите можев да видам човек кој мирно пристигнува со велосипед, вади цевка со запалива течност и мирно ја истура течноста пред вратата од куќата. Оваа смиреност беше малку нарушена, бидејќи пожарот што избувна беше огромен, се исплаши, се сомневам дека лицето има некои повреди од овој пожар, можеби ќе побара лекарска помош. Човекот носи маска, рече Генчовска додавајќи дека лично смета дека ова „дело е направено ладнокрвно, смислено и намерн, рече Генчовска и додаде дека овој настан нема да влијае на односите меѓу РСМ и Бугарија.