Жителката на Крагуевац Милена Милошевиќ Максимовиќ (35), која беше застрелана во главата од нејзиниот сопруг Владимир Максимовиќ (40) минатиот понеделник, на 16 мај, почина денеска во Универзитетскиот клинички центар, три дена откако лекарите констатираа дека има „мозочна смрт“. Мозочните активности неопходни за одржување на животот неповратно престанале.

Тимот хирурзи на Универзитетскиот медицински центар Крагуевац извршија неколкучасовна операција истиот ден кога таа беше повредена за да и го спасат животот, но се чини дека периодот во кој нејзиниот мозок бил без кислород бил предолг, па клетките на нејзиниот мозок трајно умреле.

Лекарите се обиделе да и овозможат сама да дише, но набрзо морале да ја вратат на апарати бидејќи без нив не можела да ги одржува животните параметри.

Иако постојат многу претпоставки за причината поради која Владимир одлучил да ја убие сопругата, најверојатно тоа била неговата болна љубомора.

Откако по бегството од местото на злосторството и се предал на полицијата, истиот ден бил уапсен и во среда изведен во Вишото јавно обвинителство, но не сакал да даде исказ и го искористил законското право да се брани молчејќи. Но, протекоа информации дека тој во полиција рекол дека тоа го направил бидејќи дознал дека таа нашла друг маж во Германија.

– Но, со проверка на пораките од нејзиниот мобилен телефон, се покажало дека сомнежите се неоправдани, а преписката била исклучиво на пријателска основа, тврди Информер.

Иако никој не ја знае правата вистина освен Владимир и Милена, нивните пријатели и роднини се согласуваат во едно – дека нивните хармонични семејни односи се разнишани во последните неколку месеци, како и тоа дека се карале.

Несогласувањата кулминирале кога Милена во Германија полека застанала на свои нозе и се наближувал денот кога требало да направат семејни документи и сите да се преселат таму. Инаку, луѓето кои добро го познаваат велат дека Владимир бил патолошки љубоморен во сите негови врски и дека на многу од нив им дошол крајот поради тоа, вели изворот.

– Се сомневаше во се и секого, а во главата често создаваше сосема нереални и измислени приказни, пишуваат српските медиуми.

Трагично загинатата Милена Милошевиќ Максимовиќ ќе биде погребана во среда на 25 мај во Крагуевац.