Група келнери се степале со гостите на познатиот плоштад Сан Марко во Венеција.

Италијанските медиуми јавуваат дека седум келнери се степале со четворица странски државјани. Видео од тепачката, што се случила во четвртокот, го снимил еден од случајните минувачи.

– Што се случува? Боже мој – се слуша како вели жена која го снимала видеото.

На видеото, нискиот келнер се гледа како го турка гостинот преку масата и го удира неколку пати. Неговиот колега потоа го сопнува и удира друг гостин одзади. Еден од присутните постојано се обидува да се заштити држејќи стол пред себе.

Тепачката наводно започнала откако неколку келнери оттурнале гостин по вербална расправија. Гостите потоа возвратиле и ги турнале келнерите, по што дошло до масовна тепачка, објави Дејли Меил.