Вежба за спасување предизвика паника кај жителите во Скопје. Сирени на полиција, пожарна и брза помош се слушаа во центарот на градот, објави порталот 4news.mk

Но, нема место за паника. Ова е само вежба за спасување која започна попладнево.

Голем пропуст на организаторите е што вежбата не беше најавена преку медиумите, граѓаните останаа неинформирани дека вакво нешто ќе се случува денеска во Скопје.