Почина големата македонска поетеса Вилета Сековска, објави на профилот од својата мајка нејзината ќера Сара.
-Денеска го користам Фејсбукот на мајка ми- се обраќа Сара (нејзината ќерка) . Знам дека има премногу пријатели и ве известувам дека вчера таа не напушти, и замина на другиот свет. Секогаш велеше дека животот е 1мин, и за 1мин не напушти… Мојата мама денеска во 13.30 ќе биде погребена во Бутел. Нејзината големина на човек и енергија ја сакавте многу, па затоа од почит према вас го пишувам и ова. Поради ситуацијата со КОВИД- би сакале да задржиме потесен круг на собир. Секако нејзината насмевка ке ви свони постојано 😇 Мојата мајка, ГОЛЕМАТА ПОЕТЕСА – Виолета Сековска, напиша нејзината ќерка Сара на социјалните мрежи.
Сековска активно почнув да се занимавам со поезија од 2011 година со објавување на нејзината прва стихозбирка “Македонија” посветена на нејзината земја.
-Во името на земјата пишувам патриотска поезија, во името на Бог пишувам духовна поезија, во името на љубовта пишувам љубовна поезија. Поезијата како уметност не е само компонента, не е само литературно дело, стихот, исказот, бојата на јазикот, таа претставува интегрална целина, плод на креативноста на авторот. Ковачница на убавиот исказ синхронизиран со умислен тек на творечкото произнесување. Како сликовита патека и траекторија на мислата и зборот. Куќа на речитиот збор на мајчиниот јазик. Во моите збирки преовладуваат трите доблести на човекот, љубовта, верата и надежта. Тоа се постулати кои се надевам дека ќе го направат подобар човекот, и секоj од читателите на моите книги. Љубов е да сакаш и да бидеш сакан. Љубовта е двигател на животот кои сите ние го живееме. Дали е насочено кон земјата, кон поединец, кон целиот жив свет, ќе изјави таа во една прилика.
Има вкупно осум збирки и една збирка детска поезија “Светот на Јаков”. Коавтор во многу збирки поезија надвор од границите на мојата земја, учесник во македонски антологии, англиска антологија и тн. Од поезија не се живее но за поезија се живее. Поетот гради мостови на соживот, пријателство, љубов меѓу народите. Нема поубаво чуство да го работиме тоа што го сакаме. Единствено оружје кое може да го победи злото-сеприсутната омраза на современиот свет е ЉУБОВТА. Верувам секој од нас ја споделува оваа мисла. Честопати сум наградувана во Македонија, Србија, Хрватска. Меѓу најдрагите награди: “За интерпретација” “Поет на годината” “Најдобра песна” на поетски фестивал и тн, порачуваше таа.
-Имам гостувано повеќе пати на македонски културни денови во Кралството Шведска, Кралството Данска, Албанија. Поезијата не познава граници. Таа не носи зад тантелата на невозможното, таа е крикот на поетот. Знае да биде, милозвучна, силна, тажна се зависи од средината во која што твори поетот. Овој период моите песни се патриотско-емотивни поради ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Македонскиот збор ќе се слуша надалеку, македонскиот бајрак ќе се вее до вечноста. Да е вечна Република Македонија за вјек и вјеков Амин, порачуваше оваа голема Макеоднка.