УТРОВО околу 6 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на патот кај Храстовац, место кај Гарешница во Хрватска, во која загина возачот. Хрватските медиуми дознаваат дека згаснал животот на 22-годишниот пожарникар Давор Ч. Младиот човек излетал од патот во каналот и починал.
Давор бил пожарникар на друштвото Дишник и штотуку го положил испитот за тоа занимање. Неговите колеги пожарникари на социјалните мрежи се простија од Давор.
„По 6 часот утринава добивме дојава дека кај Храстовац имало сообраќајна несреќа и дека е потребна наша помош, за жал, се работи за млад пожарникар од ДВД Дишник.
Давор неодамна го положи испитот за занимање пожарникар. Во петок на 03.05. требаше да добие диплома за струка и униформа на свеченост по повод Денот на пожарникарите.
За жал, прерано замина. Почивај во мир. Искрено сочувство од пожарникарите на градот Гарешница до родителите, роднините и сите останати“, објавија на Фејсбук пожарникарите од ЈВП Гарешница.