Силен земјотрес со магнитуда од 5.2 степени според рихтер вечерва околу 23 часот и 31 минута ја стресе Грција.

Земјотресот според сервисот ЕМСЦ, бил на 14 југозападно од Костур, Грција.

Ова подрачје во последниот период често е погодено од земјотреси кои се чувствуваат и во јужните делови на Македонија.

Повеќемина од Преспа, Струга, Охрид, на социјалните мрежи пишаа дека земјотресот убаво се почувствувал.