Фудбалерите на Пиза денеска ја совладаа Монца со 2:1 во 24. коло од Серија Б, а натпреварот на свој начин го одбележа сопственикот на домашната екипа Силвио Берлускони.

Имено, поранешниот премиер на Италија и сопственик на Милан се уште е активен во љубовниот живот на 85 години, што го покажа на трибините на стадионот Монца.

Берлускони во живо го следеше својот клуб во друштво на долгогодишниот соработник Адријан Галијани, а раниот гол го прослави во осмата минута добивајќи сочен бакнеж од русокосата до него.

Берлускони го гледаше неговиот тим во поразот од 1-2 против Пиза, но утеха на трибините му даваше 32-годишната Марта Фасини, кој го бакна, а камерите го снимија моментот.