Во тешка несреќа што се случи утрово кај Славонски Брод загинаа 10 лица. Дополнително, 45 лица се повредени, од кои триесеттина полесно, додека 15 се потешко повредени.
Еден од возачите, кој во моментот на несреќата не управувал со автобусот е меѓу еден од загинатите. Неговиот син со трогателна изјава се прости од него на социјалните мрежи.
– Татко мој, болката е многу голема, тагата е многу голема. Денот кога те испратив до автобусот те прегрнав, но премалку. Бог нека ти го даде рајот на твојата душа, напиша тажниот син.
Да потсетиме, автобусот имаше 67 патници и двајца членови на екипажот. Загинаа девет патници и еден возач. Како причина за несреќата се наведува тоа што во еден момент возачот заспал, по што изгубил контрола и автобусот излетал од автопатот.