Фудбалерите на Реал Мадрид беа целосно инфериорни против Ливерпул во првото полувреме на Лигата на шампионите, меѓутоа од првата вистинска шанса дојдоа до погодок.
Иако „црвените“ се закануваа во повеќе наврати, Тибо Куртоа успеа да ги спречи. Во финишот на полувремето дојде до спорен момент, бидејќи беше поништен погодок на Карим Бензема. Досудена беше офсајд позиција, по една мешаница во која со топката играа Валверде, Конате и Фабињо, а потоа заврши кај Французинот кој погоди.
По правило, кога голманот е пред своите играчи, тој не се смета повеќе, туку се гледаат само фудбалерите, а Бензема требаше да биде пред двајцата играчи, што овојпат не е случај бидејќи Ван Дајк и Робертсон се зад него.
Се проверуваше позицијата на Ван Дајк, доколку тој останеше пред Бензема, голот ќе се важеше. Така, се чини дека судиите беа во право.