Фудбалерот на Егнатија, Рафаел Двамена починал од срцев удар за време на натпревар во албанското првенство, тој беше играч од Гана кој имаше 28 години.
Двамена колабирал на теренот во 23. минута од мечот меѓу Егнатија и Партизани. Веднаш бил префрлен во болница, но лекарите не го спасиле неговиот живот.
Фудбалерот во минатото настапувал во австриските екипи Лиферинг, Австрија Лустенау како и Цирих од Швајцарија, потоа се преселил во Шпанија каде настапувал за Леванте и Сарагоса. Таму му констатирале проблеми со срцето и му препорачале веднаш да се пензионира. Тоа било во 2019 година.
Двамена решил да ги игнорира советите, почнал да настапува со дефибрилатор. Продолжил да игра за дански Велје, па за австриски Линц каде во 2021 година повторно колабриал и паузирал една година.
Raphael Dwamena’s final moments in the game today in Albania League.
RIP to him pic.twitter.com/5rWgiZMIIc
— Saddick Adams (@SaddickAdams) November 11, 2023
Го игнорирал и тоа, продолжил да игра фудбал и денеска почина во дресот на Егнатија.