Обожавателите на Солт Бае, чие вистинско име е Нусрет Ѓокче, биле изненадени откако готвачот објави видео во кое тој за прв пат зборува.

Досега објавувал видеа на социјалните мрежи, посебно на Инстаграм, но не зборуваше во нив.

“Чекај, чекај. Сакам да кажам нешто за Лондон. Лондон е мојот голем сон. Еден ден. Следниот ден. Секој ден. Постојано. Го сакам Лондон. Лондон е различен. Како злато”, вели Нусрет во видеото.

Тогаш одговорил човекот зад камерата и го прашал Нусрет каков е неговиот англиски јазик.

„Мојот англиски јазик е речиси како британски. Знаете… На здравје. Се надевам дека ќе се видиме наскоро во Лондон“, рекол Нусрет на крајот од видеото.

Многумина биле изненадени од видеото, и поделени во коментарите бидејќи не сите биле импресионирани од она што го виделе.

„Прв пат го слушам како зборува“

“Тој зборува!”

„Овој човек повеќе ми се допаѓаше додека молчеше“

„Што не е во ред со твојата уста човеку?!“

„Те сакам, но зошто по ѓаволите зборуваш?

„Ве молам, некој да ми го преведе ова“, се дел од коментарите под видеото.

Претходно оваа недела, тој споделил со следбениците дека заминува од Лондон за да го отвори 28-от ресторан во Ријад.

View this post on Instagram

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)