Дете исчезна во Србија. Станува збор за 12 годишното момче Илија Матиќ.

Татко му за српските медиуми изјавил дека момчето исчезнало синоќа и дека го барале во текот на ноќта во Земун поле. Тој потврди дека Илија и претходно бегал од дома, но дека овојпат не е сигурен дека е така.

– Не сум го видел од прексиноќа. Вчера наутро го видела сопругата, го спремила и го испратила на училиште. После тоа повеќе го нема- рекол загрижениот татко.

Момчето е слабо, има кратка кафена коса и кафени очи и е ученик во шесто одделение во основно училиште.

Loading...

Илија синоќа носел сиви патики со црвено лого, црна и тегет тренерка, јакна со зелени флуоресцентни точки и сив ранец. И луѓето синоќа се организираа да го бараат момчето.

Loading...