Латино дивата Џенифер Лопез (52) во неделата ја посети Венеција, а причина за нејзиното доаѓање беше големиот настан на модниот бренд „Долче и Габана“.

Таа се дружеше таму со светски познати лица; Хајди Клум (48) и нејзиниот сопруг Том Каулиц (31), Џануари Џонс (43), внуката на принцезата Дијана Кити Спенсер, Џенифер Хадсон…

Џеј Ло своите познати облини ги стегнала во панталони со цветен дезен, кои ги комбинирала со топ и „круна“. Ниту високите потпетици не биле „обични“, а целата комбинација ја комплетирала со раскошна наметка.

И додека обожавателите се расправат на социјалните мрежи дали таа ставила премногу цветни дезени на себе, оние со поостар вид успеале да ја уловат етикетата што се виорела на прескапата наметка на латино дивата.