Албанскиот премиер Еди Рама предизвикал инцидент во авион на Луфтханза – одбил да стави маска, пренесува Der Spiegel.
Кога пилотот не успеал да го убеди да ја стави маската, била повикана полиција. Инцидентот се случил во декември минатата година на линијата Франкфурт-Детроит. Рама бил исфрлен од летот со асистенција на полицијата.
Откако разговарал со функционер од германското Министерство за надворешни работи, тој се согласил да стави маска и се качил на следниот лет за САД.
Се размислувало и за парична казна, но Карстен Спор, директор на Луфтханза, за Der Spiegel изјавил дека не постои стандардна процедура за такви случаи.