Јован И., син на српската политичарка Санда Рашковиќ Ивиќ, е пронајден мртов утрово околу 5.40 часот на тротоарот пред зградата каде што живеел во Белград.

Како што дознава Блиц, младиот човек имал завиткани кабли околу вратот.

Се уште не се знае кога точно се случила трагедијата. Телото на младиот човек го пронашле случајни минувачи кои ја известиле полицијата.

Според сознанијата на српските медиуми момчето живеело на петти кат. Не е потврдено официјално, затоа што истрагата е во тек, но се претпоставува дека младиот човек скокнал од прозорецот.

Наредена е обдукција за да се утврди точната причина за смртта на младиот човек.

Инаку, тој е син од вториот брак на познатата политичарка, која има уште еден син и ќерка.

Таа е потпретседателка на партијата на Вук Јеремиќ. Според некои информации, момчето и порано имал обид за самоубиство.

Пред извесно време кај новинарите кои се собрани пред зградата се симнала сестрата на починатиот и замолила да ја почитуваат нивната болка и да не известуваат за случајот.