На 20.04.2022 во 13.30 часот од страна на полициски службеници од ЕВР ОКР Ѓорче Петров од слобода бил лишен Н.А.(31) од Скопје, а на 21.04.2022 против него е поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение за сторени три кривични дела за „одземање на моторно возило“ по чл. 242 и едно кривично дело „кражба“ по чл. 235 од Кривичниот законик.
На 02.11.2020 во 18.10 часот, во скопски Сарај, Н.А. од Скопје, искористил погоден момент и бесправно одзел патничко возило „мерцедес“, сопственост на М.З.(52) од Скопје. Подоцна, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Сарај, одземеното возило било пронајдено на автопатот Тетово-Скопје, при што било констатирано дека од него се одземени уште неколку предмети.
На 15.12.2021 во 16.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. одзел патничко возило „хјундаи“, сопственост на јавно претпријатие, кое го управувал Б.Т.(57) од Гостивар. Одземеното возило било пронајдено од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на локалниот пат с.Шишево – с.Грчец, при што било констатирано дека од возилото Н.А. одзел повеќе лични предмети.
На 25.01.2022 во 18.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. одзел патничко возило на „фолксваген пасат“, сопственост на М.Т.(45) од Скопје, од кое исто така одзел повеќе лични предмети. Возилото било пронајдено од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во место викано „Ниви“, атар во с.Грчец.
Н.А. бил приведен во просториите на Полициска станица Ѓорче Петров, со него е извршен службен разговор, по што е изведен пред Судија на претходна постапка, од кого му е изречена мерка притвор.