Пролетното време во Македонија ќе се задржи и утре и тоа со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени.

Под влијание на циклонска активност од запад, и на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд , грмежи, и со СИЛЕН југозападен ветер. Навечер и во текот на ноќта кон вторник ќе има НАГЛО и ГОЛЕМО заладување на времето, на повеќе места проследено со СИЛЕН северен и северозападен ветер (локално и со брзина дури и од над 90 км/час). Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

На повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, но ќе слабеат на интензитет. Локално снежната граница можно е да се спушти и на надморска височина од околу, па и под 1000 метри.

Во вторник времето ќе биде студено и МНОГУ ВЕТРОВИТО со СИЛЕН северен и северозападен ветер ( локално со брзина до околу 80 км/час). Во среда наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, а на високите планински северозападни предели дури и до околу -10 степени. (На земјоделците ги советуваме со време да си ги заштитат своите земјоделски култури од премрзнување).

Слично време очекуваме и во Скопје и околината.

Инаку студената Арктичка бомба ќе зафати поголем дел од Европскиот Континент, како на Балканот а со тоа и во Македонија, условувајќи невообичаено ниски температури на самиот крај на овој месец.