За време на зимската сезона, Копаоник е преполн со туристи, а општо познато е дека баровите кои се наоѓаат на добри локации имаат високи цени за нивните услуги.

Во прилог на тоа, една девојка на социјалната мрежа Твитер сподели фотографија од сметката што ја добила во угостителски објект на Копаоник.

Девојката била во шок и во описот на фотографијата напишала дека дека за чај платила 350 динари (180 македонски денари), што во суштина е само топла вода.

Вкупната сметка за уште две кафиња, вода и сок изнесувала 2.470 динари (1.300 денари).

– Оваа ароганција го налути народот, кој само коментираше под објавата, пишуваат српските медиуми.