Блокирана е банкарската сметка на ЈСП, потврди директорот на претпријатието, Драги Кушовски.

Пред почетокот на вонредната седница во Советот на Град Скопје, на прашање на Канал 5, Кушовски рече дека сметката е блокирана од пред неколку дена поради долг кон фирмата добавувач на нафта. Тој не кажа колку точно изнесува долгот, требало да провери.

Нагласи дека активно се работи на деблокада на сметката и дека нема да има импликации врз тендерот за набавка на гориво и платите на вработените.