Пејачот Љубомир Љуба Перучица на социјалните мрежи сподели тажната вест.
Имено, тој имал смртен случај во семејството. Починала неговата баба, па тој ѝ посвети трогателна порака на Инстаграм и објави фотографија од неа.
– Ме будеше секое утро, ме хранеше, пазеше ме чуваше. Ти беше најдобрата баба на светот за сите нас, секогаш полна со љубов, грижлива, секогаш насмеана. Додека сум жив, нема да ја заборавам твојата прва реченица кога ќе ме видиш: „Ljubi baba da ljubi“, со сета таа потврда „da ljubi“, за секој случај, да потврдиш. Твоите предолги приказни од младоста од вашето село, со сите детали што со часови знаеше да ги раскажувате, за нас често „досадни“, сега ќе ни недостигаат… – напиша Љуба, и додаде:
– Се намачи многу во животот, не ти беше лесно, но успеа покрај се сите да не изведеш на вистинскиот пат. Не мораше да не оставиш на својот роденден, можеше да биде поинаку… Но знај дека сите те сакаме многу и дека никогаш нема да те заборавиме, дека секогаш ќе останеш најдобрата баба! Збогум и се надевам дека ќе се сретнеме повторно еден ден за да ти раскажам што се си пропуштила.