Контроверзниот македонски новинар, водител и шоумен Зоран Василевски сподели тажна вест со своите следбеници на социјалните мрежи. Тој утрово се збогувал со мајка си.

„Замина во вечноста, таму кај татко ми. Летај Пандора, небото е твое“, напиша популарниот Зоки Фаци на „Инстаграм“.

Тој им се заблагодари на сите кои му пратиле пораки со сочувство.

„Јас мајка ми ќе ја испратам утре, онака гордо, со крената глава, достоинствено како што и доликува на дама. Таа ме сакаше дотеран, па така и ќе биде. А, ќе плачам другпат“, вели Василевски.

Во емотивното обраќање до јавноста, на крајот упати благодарност до вработените во Домот за стари лица каде што неговата мајка престојувала.

„Многу тага имаше во мене кога се видовме последниот пат, но со вас знаев дека не е сама“, завршува тој.