Трагичната вест за смртта на кадетката од поморската академија Маријана Цигас (20) ја потресе јавноста во Грција. Девојката, по потекло од Кос, била студентка на Академијата за трговска морнарица и била на трансатлантска обука на комерцијален брод кога ненадејно ѝ се слошило.

Маријана почувствувала здравствени проблеми веднаш по испловувањето на бродот од пристаништето Сика во Индија, а поради влошената состојба морала да се симне од танкерот во пристаништето Суец во Египет. Неколку дена подоцна девојчето со медицинска придружба било префрлено во приватна клиника во Атина, каде состојбата нагло и се влошила.

Лекарите со денови не можеа да ја идентификуваат причината за таквата тешка и ненадејна болест. Таа почина во неделата наутро по 16 дена борба за живот. Засега не е познато што го предизвикало откажувањето на повеќе органи што било причина за смртта на Маријана.

Локалните медиуми неофицијално наведуваат дека според резултатите од обдукцијата, девојчето им подлегнало на последиците од заразниот енцефалитис, кој најверојатно настанал откако била каснато од инсект.

Погребот ќе биде извршен во среда на гробиштата на Успери во Зипари. Градинките на Кос, според локалните медиуми, ќе бидат затворени во знак на жалост.

Министерот за поморски работи и островска политика Христос Стилијанидис изјави дека е шокиран од несреќната смрт на Маријана Цигас, која била член на екипажот на танкер под грчко знаме.

– Сите наши мисли се со семејството и пријателите на Маријана. Искрено сочувство – напиша Стилијанидес на социјалната мрежа Икс.