Верица Ѓокиќ, блиска роднина на несреќното семејство Ѓокиќ, негира некои наводи дека осомничениот за монструозниот чин на семејството Ѓокиќ е психички болен.

Да потсетиме, денеска е уапсен братучед од тетка на Горан Ѓокиќ, маж со иницијали Г.Џ., кој е осомничен за уб иството на семејството Ѓокиќ. Горан и уапсениот биле многу блиски, се познавале цел живот.

Сторителот и жртвите биле многу блиски и никогаш немале проблеми едни со други. Уапсениот живеел во близина на ликвидираното семејство!

Некои наведуваат дека Г.Џ. бил ментално болен, но во ексклузивна изјава за српски Курир ова го демантира Верица Ѓокиќ, која не може да сфати дека го у*ил целото семејство.

– Не можам да поверувам дека тоа бил тој, дека го уби нашиот Горан и неговото семејство. Го познавам 45 години, со него одев на училиште. Јас дури и не знам како стигнале до него, вели Верица Ѓокиќ за Курир, по повод апсењето на нивниот братучед.

– Тој беше пожарникар и не е точно дека е психички болен. Го гледав секој ден, не можам да поверувам дека го направил тоа, додава Верица.

Единствена шанса сторителот на овој чин да се извлече би бил фактот дека е психички болен, но по изјавата на Верица Ѓокиќ, нема сомнение дека сторителот ќе одговара.

Министерот Александар Вулин денеска нагласи и дека е пронајдена значителна сума пари на семејството Ѓокиќ, а во просториите, односно на имотот што го користел осомничениот, пронајдени се и други предмети кои, без сомнение, биле дел од овој страшен и монструозен чин.

На осомничениот му е одредена и мерка притвор по наредба на Вишото јавно обвинителство Ниш, до 48 часа, поради постоење основи на сомнение дека учествувал во извршување на кривично дело тешко убиство.