Жителите на Пехчево речиси два дена се бореа со жестокиот пожар кој избувна над селото Негрево. Откако синоќа се закануваше да го зафати градот Пехчево, се мобилизираа граѓаните за да ги одбранат своите домови.
Најкритично беше кај месноста Равно Борје, а во гаснењето целосно беа вклучени поголем број на луѓе, за што од Општината изразија огромна благодарност до сите нив.
Имаше и такви кои ја покажаа својата хумана страна, па и покрај неволјата која ги снајде во битката со огнените јазици, не ги заборавија ниту животните кои исто така гледаа да спасат жива глава од налетот на огнот.