Видео снимка објавена во понеделникот, потврдена од Њујорк Тајмс, прикажува група украински војници како убиваат заробени руски војници во село западно од Киев.
„Гледај, тој сè уште е жив“
„Сè уште е жив. Пукајте во овие окупатори. Видете, тој е сè уште жив. Едвај дише“, вели мажот додека на снимката се гледа руски војник со јакна навлечена над главата. Русинот очигледно е ранет, но се уште дише.
Војникот потоа пука во човекот, кој продолжува да се движи, а војникот потоа повторно пука во него. Тогаш човекот престанува да се движи. Нема да ја објавиме снимката бидејќи го прикажува убиството.
Покрај жртвата, може да се забележат уште тројца руски војници, од кои едниот има рана на главата, а рацете му се врзани зад грб. Сите се облечени во униформи, а тројца имаат бела лента на ракавите, која обично ја носат руските сили во Украина. Опрема е расфрлана околу нив, а на главите на руските војници се забележуваат дамки од крв.
Лицата лежат на патот во близина на оклопното возило БМД-2, кое го користат руските десантни сили. Според видеото, изгледа дека некои од нив ги соблекле јакните, чевлите или кацигите. Понатаму на патот може да се забележат други уништени возила.
Каде и кога е направена снимката?
Видеото е снимено на патот северно од селото Дмитривка, десетина километри југозападно од Буча. Таму, по повлекувањето на Русија, Украинците открија стотици тела во цивилна облека, што доведе до голем број обвинувања дека Русите убиваат цивили на тоа место.
Снимката, според Њујорк Тајмс, најверојатно била направена на или околу 30 март, кога Украинците нападнале руски конвој додека Русите се повлекувале од помалите градови западно од Киев. Во последните недели имаше жестоки битки меѓу Украинците и Русите. На 2 април, Оз Катерји, слободен новинар, на Твитер објави снимки и фотографии од уништената колона возила и напиша дека украинските војници му кажале дека Русите биле нападнати од заседа пред 48 часа.
Украинското Министерство за одбрана исто така објави твит за уништувањето на рускиот конвој. Тие го нарекоа нападот „прецизна работа“ на украинската армија.
„Тие воопшто не се луѓе“
„Тие воопшто не се луѓе“, вели украински војник на видеото додека оди меѓу уништените возила, додавајќи дека тие заробиле двајца руски поручници.
Украинските војници носат сини панделки на ракавите и постојано велат „Слава на Украина“ на видеото. Не е јасно за која единица се работи, но на снимката на која се гледа убиството на затворениците, еден од војниците зборува за другите како „момчиња од Белгравија“, веројатно мислејќи на местото Белгравија, на само неколку стотини метри од инцидентот.
Украинската новинска агенција која објави снимка од последиците од заседата на 30 март ја опиша како „дело на Грузиската легија“, паравоена формација од грузиски доброволци формирана во 2014 година.
Повторуваме дека нема да ја објавиме снимката бидејќи го прикажува убиството
A video posted online on Monday and verified by The New York Times appears to show a group of Ukrainian soldiers killing captured Russian troops outside a village west of Kyiv. https://t.co/Wog3JdR8l7
— The New York Times (@nytimes) April 6, 2022