На социјалните мрежи кружи кратко видео на кое украинскиот претседател Володимир Зеленски разговара со неколку луѓе преку видео повик, додека на неговата маса има кокаин и кредитна картичка.

Иако некои мислеа дека се работи за автентична снимка, се потврди дека се работи за монтажа.

Зеленски води разговор неколку луѓе во видеото, вклучувајќи го и основачот и извршен директор на Tesla и сопственик на SpaceX, Илон Маск.

На монтираната снимка се гледа бел прав и кредитна картичка на бирото на украинскиот претседател.

Засега не се знае кој е „одговорен“ за монтираното видео (најверојатно проруски активисти), но оригиналот јасно покажува дека нема недозволени супстанци.