По големиот земјотрес што во петокот вечерта ја погоди Босна и Херцеговина и однесе еден млад живот, тлото повторно се затресе утрово во 6.27 часот, речиси на истото место.

Епицентарот на земјотресот утринава бил на 16 километри источно од Столац, јавува ЕМСЦ, а јачината на земјотресот прво била проценета на 5,6 степени според Рихтеровата скала, а потоа е намалена на 4,8.

Твитер профилот на EMSC, Источномедитеранскиот сеизмолошки центар, често пренесува коментари на корисниците, а овој пат, несвесно, пренесоа пцовки типични за овие области.

– Сведокот вели „trese hebo mater svoju, mani nas se više, još nam je ovo trebalo…“ – ја пренесе ЕМСЦ изјавата на жител на Херцеговина.