Животот во странство не е мед и млеко. Тоа е порака до оние кои мислат дека со одење во Германија или во некоја друга странска земја ќе го решат прашањето за егзистенција доживотно.
Колку што е поголем приходот толку се и трошоците, а за скромен живот во Германија, според некои проценки, потребно е да се издвојат околу 3.000 евра месечно.
Искуствата на оние кои се иселиле од нашиот регион во Германија покажуваат дека не е се како што им изгледа на оние кои сакаат да се иселат. На прво место е дисциплина на која нашите луѓе тешко се навикнуваат, а потоа е системот на работа каде работните денови значат менување „работна облека и пижами“.
Како што опиша еден Балканец, кој живее во Германија веќе пет години, изнајмувањето празен трособен стан само за едно семејство чини околу 2.100 евра, но напоменува дека треба да платите три кирии однапред кога ќе се вселите.
– Првиот трошок е стан. Изнајмување на трособен стан за едно семејство без парно е околу 700 евра. По таа цена ќе дојдат уште 200 евра. Само за да влезете во станот треба однапред да платите три кирии што се вкупно околу 2.100 евра. Тоа значи дека тие пари ги имате во џеб уште пред да влезете во потенцијален стан – раскажува Германец кој заминал во Германија пред пет години.
Посебен предмет е опремувањето на станот, за што се потребни повеќе пари.
Мора да внесете мебел, тоа е уште еден трошок, кој исто така не е мал. На ова се надоврзуваат и трошоците за интернет и телефон, кои се околу 140 евра месечно. Дополнително на ова, важна ставка се и трошоците за храна, па основните намирници може да се купат за 400 евра месечно, а на оние кои не сакаат да штедат, а би сакале да имаат се во куќата им требаат околу 800-900 евра месечно – тврдат нашинците кои се соочиле со сето ова кога заминале во странство.
Искуството покажува дека кога ќе се соберат сите месечни трошоци се доаѓа до сума од околу 2.300 евра, што значи дека некој што заработува околу 3.000 евра месечно може да преживее солиден месец во Германија.
Економски кажано потребни се минимум 2.500 евра за едно семејство да преживее месечно во Германија. Но, тоа е минимумот, што значи дека немаат никаков луксуз, туку само основни работи.