Осиек – Автобус кој бил паркиран во двор од куќа на улицата „Илирска“ во хрватскиот град Осиек се запалил денеска околу 14 часот и 30 минути, јавуваат хрватските медиуми.

Како што соопштија од Полициската управа Осиек-Барања, автобусот не бил користен за превоз, туку бил неисправен и паркиран во дворот, додека читатели за хрватските медиуми изјавија дека автобусот таму стоел со години.

– Тој автобус долго време стои во тој двор и со години е преполн со хартии, дрвја и градежен материјал. Кога почна да гори, излегов на балконот и видов многу црн чад како излегува. Пожарот бил толку силен што зафатил дел од куќата, вели читателот.

Од ЈВП Осиек велат дека пожарот зафатил и дел од гредите на куќата, но не се проширил на останатите. Пожарот е ставен под контрола, но се уште има пожарникари заради контрола на ситуацијата.

– Проблемот е што тоа се случи во густо населена улица каде што има многу деца. Сè уште смрди од горењето, и не е ни чудо бидејќи во еден момент чадот бил толку густ што не се гледале соседните куќи – додава читателот.

Како избувнал пожарот ќе се знае откако ќе се спроведе истрага по целосно гаснење на пожарот.

📸

📸