Ќе ги ослободиме руските затвореници во замена за безбеден премин од Мариупол, предложи до Русите, украинскиот претседател Володимир Зеленски по посетата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Зеленски потврди дека е подготвен да ги ослободи руските воени заробеници во замена за безбедно минување на цивилите и украинските војници од Мариупол.

Се верува дека околу 100.000 луѓе останале во опколениот јужен град.

Тој додаде дека ситуацијата во градот се влошува бидејќи војната продолжува и верува дека стотици ранети се без пристап до медицинска нега. Зеленски го повтори тврдењето дека во комплексот Азовстал, заедно со преостанатите украински одбранбени сили, има околу 1.000 цивили.