Љубовната сага на скопјанката во јавност позната како Лиде Лиде нема крај. Иако по селфито со министерот имаше пауза, од денес сите сме свесни дека сето тоа било само затишје пред бура. Денес Лиде призна дека се пријавила за вакцинација и јавно го замолува министерот Филипче, ако може тој лично да ја вакцинира, пишува порталот ММС.

-Пред околу една недела се пријавив на сајтот за вакцинација, сакам да се имунизирам, не сакам веќе да живеам во страв од зараза. Јас еднаш прележав, но кога разговарав со тие што прележале по втор пат велат било пострашно и затоа ме фати паника. Ама сакам да се вакцинирам со „Спутник В“, некако тоа „В“ ме асоцира на Венко. И сакам тој да ме боцне, вели самоуверено и со надеж Лиде за ММС

Целиот текст прочитајте го тука