Фикрет Босниќ, попознат како Фикро Бос, хуманитарец и новинар од Босна и Херцеговина, е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи вчера во местото Покој кај Бихаќ, јавуваат медиумите од регионот.

На своите сограѓани и на пошироката публика Босниќ им е познат како спортист, хуманитарец и човек кој безброј пати им помагал на другите.

Во последно време активно е вклучен во општествениот и политичкиот живот, каде што е најпознат како основач и водач на Фејсбук страницата Fikro Boss Team со над 140.000 фанови.

Поради тешки повреди на ‘рбетот, тој вчера бил префрлен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

📸