Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 23 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 28 km северозападно од Скопје во соседното епицентрално подрачје Урошевац – Витина, Република Косово.
Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.3, а беше почувствуван од граѓаните на градот Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
„Чашава ми се премести за 5 см на масава. И траеше“, пишува на Твитер политичарката Солза Грчева по вечерашниот земјотрес од 3,3 степени по рихтер со епицентар на македонско-косовската граница.
Друг пишува дека личело како експлозија и имало чуден звук.