Оваа сабота Индексонлајн јави за сомнителна смрт во Србица (албански: Skënderaj), каде 28-годишно момче без знаци на живот е донесено во болница во Митровица. Изворите на овој портал наведуваат дека жртвата е Азем Шаќири, член на навивачката група „Црни орли“ од Дреница.

Портпаролот на полицијата за регионот на Митровица, Авни Захити, го потврдил случајот, пренесува Индексонлајн.

-Околу 14 часот и 30 минути полицијата добила информација дека во Регионалната болница во Митровица без знаци на живот бил донесен 28-годишен маж од Србица. Полициски истражители, овластени од обвинителот, започнаа истрага за расветлување на околностите на случајот.

Захити соопшти и дека по наредба на обвинител телото е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина (ИМЛ).

Според изворите на тамошните медиуми, при увидот на местото на настанот била пронајдена секира, јаже и мобилен телефон.