Министер од индиската влада изјави дека силувањето во брак, нема да биде криминализирано наскоро, дури и покрај судскиот случај и дебатите во парламентот и на социјалните мрежи околу оваа тема, јави ДПА.
Криминализацијата на брачното силување „е сложен и долг процес, со оглед на спектарот на различни ставови на засегнатите страни”, појасни Аџеј Мишра, помлад министер за внатрешни работи.
Сопруг кој ја силува сопругата, не е предмет на кривично гонење. Освен, доколку жената е под 15 години, според исклучок од членот 375 од индискиот кривичен законик, кој датира од времето на британската колонијалност.
И покрај тоа што барањето за криминализација на брачното силување стана распространето во последните децении, како и тоа што го бараат организациите за правата на жените, законот не се смени во Индија.
Високиот суд во Делхи моментално расправа за случајот покренат од две организации за правата на жените и побара од владата да го разјасни својот став.