Српски турист на возраст од 48 години загина денеска во грчкото одморалиште Никити во Ситонија.
Како што објавија на Фејсбук групата „Во живо од Грција“, тој доживеал срцев удар додека бил во вода со семејството.
Несреќниот маж од водата го извлекла сопругата.
Тој е пренесен во лабораторијата за судска медицина, каде треба да биде извршена обдукција.