Млада скопјанка во бремена состојба и со нарушено здравје, утрово излегла од својот дом во скопската населба Волково, од тогаш и се губи трагот, објави порталот Скопјеинфо.

Семејството на Ирена Кузмановска моли за помош. Доколку некој ја види, нека ја задржи и нека се јави на телефонскиот број 077/461-267.

„Семејството на Ирена Кузмановска моли за помош. Ирена има 32 години, во бремена состојба и со моментално нарушено здравје. Утрово излегла од својот дом во скопското село Волково, потоа и се губи трагот. Доколку некој ја види, нека се задржи и нека се јави на телефонскиот број 077/461-267 (Тони)“, стои во објавата на социјалните мрежи.