Сомнеж за смртта е белодробна тромбоемболија, а не лекарска грешка објаснува директорката на ГАК Викторија Јовановска за Телма телевизија.

-Станува збор за абдоминален тумор, односно тумор во мала карлица. Жена со претходен коморбидитет, која што имала хроничен грануламатозен спленит, односно отстранета и е слезината и лимфните јазли, вели Јовановска.

Значи имала хронично нарушување и навистина, го чекаме и хистопатолошкиот наод да видиме.

-Изваден е туморот, после тоа заради компликации, оперирана е и по втор пат, но не станува збор за пресечени, туку за спонтани перфорации на црева. Кои што не знаеме заради која причина се и заради тоа жената ја земаа на абдоминална хирургија, вели Јовановска.