Според последните информации на светските медиуми, поголемиот дел од руските воени сили се на 50 километри од самиот центар на Киев, главниот град на Украина.

Во меѓувреме, во главниот град на Украина се забележани големи толпи во подземните станици. Граѓаните на секој начин се обидуваат да го напуштат Киев, а голем број од нив решија да си ја пробаат среќата во возови.

Украинските војници испукаа неколку истрели во воздух за да го спречат стампедото на главната железничка станица во Киев додека илјадници луѓе се обидоа насилно да влезат во возовите за евакуација во петокот.

Имаше голема гужва, а возовите кои заминуваат од Киев се преполни со преплашени жители на овој град.