Куни Моралес го одигра еден од најдобрите натпревари во дресот на Вардар и блескаше во Битола, во победата над Еурофарм Пелистер (23-26) која ги фрли „црвено-црните“ на првото место и кон одбрана на титулата.
Токму овој ракометар го даде и клучниот гол со кој вардарци го „скршија“ натпреварот пред полната сала „Боро Чурлевски“.
Испрати еден проектил во мрежата на Мартон Секељи од десет метри во спротивниот агол, па не издржа и испрати неспортска гестикулација кон публиката која направи фудбалски празник во ракометниот град.
Вардар и Еурофарм Пелистер имаат по два меча до крајот на сезоната. Евентуални победи и на двата тима го прават Вардар старо-нов шампион на Македонија.