Јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ си го одзеде животот пред два дена во изнајмен стан во центарот на Белград. Кристина се бореше со „булинг“ (малтретирање), форма на насилство на социјалните мрежи, додека трагичната вест шокираше многумина.
Инфлуенсерот од Хрватска, Антонио Ороз, кој објавува снимки на TikTok на профилот наречен „Pritisak na tlak“, ги шокираше сите со несоодветните клипови што ги објави синоќа на оваа социјална мрежа.
Во првиот клип вели:
– Вчерашната смрт на инфлуенсерката и тиктокерка Кика во мене го разбуди истото чувство како кога почина Коби Брајант. Онака, жестоко ме заболе к**** повеќе ме боли, рече низ смеа, а речиси веднаш многумина го критикуваа и му испратија низа осудувачки пораки.
Следуваше уште една снимка, подеднакво срамна.
– Во ред, моето претходно видео беше непримерна шега за прераната смрт на инфлуенсерката Кика вчера. Го разбрав тоа и веднаш и испратив извинување во инбокс, но девојката ме игнорира, вели тој во тоа видео, па корисниците на оваа мрежа го „преплавиле“ со негативни коментари.
Да потсетиме, телото на Кика беше пронајдено околу 23 часот и 40 минути во средата, а немаше траги од насилна смрт.
По наредба на обвинителот телото е пренесено на обдукција каде ќе се утврдуваат причините за смртта. Во просторијата се пронајдени лекови и медицински средства кои се испратени на вештачење, како што пишува „Пинк“, а се уште не се знае дали имаат врска со трагичниот настан.