На денешната вонредна седница на Генералното собрание на ОН беше усвоена Резолуција со која се осудува руската инвазија на Украина.

Гласањето се одржа по 18 часот, а мнозинството членови ја поддржаа Резолуцијата за осуда на руската агресија, меѓу кои и Босна и Херцеговина и Србија, која претходно изјави дека ќе биде неутрална.

За Резолуцијата гласаа 141 член, пет биле против, а 35 воздржани.