Случајот со исчезнатата 13-годишна Мартина Сабо од Хрватска заврши среќно бидејќи девојчето се вратило дома, соопшти полицијата.

– Да потсетиме, синоќа беше објавено дека девојчето се оддалечило од местото на живеење. Полицијата ја бараше, а беше објавен апел со кој се бара помош од граѓаните. Во моментот на исчезнувањето таа носела сива јакна, црна маица, долен дел од зелена тренерка и виолетово- бели патики.

– Потрагата е прекината бидејќи лицето се вратило дома, соопштија од полициската управа Пожега-Славонија.