Српската пејачка и поранешна учесничка на реалното шоу „Парови“, Вољенка Илиќ (51) е пронајдена мртва во базен, а постои сомнеж за самоубиство, пренесува Телеграф.

Проштално писмо било пронајдено и на масата во куќата во Доминиканската Република во која живеела. – Жал ми е, не можам повеќе да живеам. Чувај ја својата ќерка, ме повика мајка ми, пишува таа во писмото упатено до нејзиниот партнер.

Тој се загрижил кога таа два дена не можел да ја добие, па замолил пријателка да ја побара Вољенка. Таа повикала полиција кога во базенот пронашла безживотно тело.

Телеграф, повикувајќи се на порталот „Internacionale noticias“, пишува дека нозете на Вољенка биле врзани со сива лента, а било пронајдено и црно-сино јаже за вежбање. На главата и биле врзани тегови со трака, а на главата имала бел превез.

Истрагата е во тек, а полицијата не исклучува дека можеби не се работи за самоубиство.

Да потсетиме, Вољенка Илиќ учествуваше во седмата сезона на Парови, а во текот на деведесетите беше популарна пејачка и танчерка. По учеството во реалното шоу, таа се пресели во Доминиканската Република.