Пејачот Маринко Роквиќ е во тешка здравствена состојба, а веќе извесно време се бори со бактерија која го нападнала неговото тело. Роквиќ наводно е лошо, едвај зборува, а ги откажал сите настапи додека не закрепне, пипуваат денеска српските медиуми.

Ситуацијата дополнително се отежнува со фактот дека Маринко имаше операција на циста кон крајот на минатата година, а потоа фати Ковид-19. Сето тоа целосно го исцрпи, и тој се бори со нов здравствен проблем. Маринко рече дека неговото здравје е многу лошо, а се пожали дека со месеци се бори со бактеријата, како и дека одбил бројни настапи поради неговата здравствена состојба.

– Многумина ми викаа да одам на настап, но морав се да одбијам поради здравствени причини. Сопругата е тука со мене, исто и моите синови. Сега не можам да зборувам, едвај зборувам, слушаш. Ако можеш да ми се јавиш кога ќе заврши сето ова, те молам. Ставив нешто во уста и не можам повеќе да зборувам. Мора да почекаме да помине ова, па кога ќе се опоравам, ајде убаво да разговараме, извини.

– Ќе биде добро, рече неговиот син Никола не сакајќи да ја продлабочува темата за здравјето на татко му, која се уште е неизвесна.

Инаку, Маринко минатата година прележа корона, а после тоа имаше операција на циста. По интервенцијата Маринко за медиумите изјави дека се чувствува добро и дека сопругата се грижи за него.

– Се опоравувам, добро сум. До пролет, повторно ќе бидам оној стариот, во форма. Потребно е време. Знам дека не треба да имам потешки физички напори, не мора да ме советуваат лекарите, внимавам. Мојата сопруга Славица беше навистина исплашена, но добро, се помина. Убаво ме негува и се грижи за мене, ме радува. Бидејќи ја прележав короната, треба да бидам малку поопуштен, но сепак внимавам. Не гледам никого, на сите им недостасува дружењето. Понекогаш одам на ручек со моите пријатели, но претпоставувам дека ова наскоро ќе помине, изјави тогаш Роквиќ.