По веста дека Алек Болдвин застрелал две лица на филмски сет, од кои трагично почина неговата колешка Халина Хачинс (42), многумина се прашуваат дали ќорците од пиштолот можат да убијат?!
Иако ќорците не содржат зрно, а како ефект се слуша само истрел, чаурата која се наоѓа во него сепак може сериозно да го повреди лицето кон кое е насочен пиштолот, па дури и да го убие. Меѓутоа, ако сте на неколку метри оддалеченост од самото пукање, ќорците не би требало да предизвикаат никаква штета.
Меѓутоа, ако се вперени кон главата, или некој витален дел од лицето, како што е окото, ќорците може да предизвикаат смрт, пишува порталот Гизмодо. Иако ќорците не содржат метални проектили, сепак има барут. Кога се пука, прашината се запалува и силата на експлодирачкиот гас може да рани на непосредна близина.
Реквизитот не е секогаш играчка или лажен пиштол и може да биде целосно функционално оружје. Портпаролот на Алек Болдвин изјави дека трагедијата била предизвикана од неисправна реквизит пушка со ќорци.
Телевизискиот писател Дејвид Слек, кој има заслуги во серии како што е „Закон и ред“ (од 1990 година до денес), по трагедијата на Твитер напиша:
„Пушките се реквизити се пушки. Во ќорците има вистински барут. Тие можат да повредат или убијат“.
Инциденти од ваков вид, иако ретки, се случуваа во минатото, а јавноста се уште се сеќава кога младиот син на Брус Ли, Брендон, почина за време на снимањето на филмот „Врана“ од вистински куршум сместен во реквизит.
На младиот актер и модел Џон-Ерик Хексум на снимањето на седмата епизода од серијата „На тајна задача“, која веќе го освои светот во тоа време, му здодеало и решил да си поигра малку со пиштолот што бил дел од реквизитите. Мислејќи дека пиштолот е сосема безопасен, тој го ставил на главата симулирајќи руски рулет и го притиснал чкрапалото.