Струмичанката Славица Ангелова привлече големо внимание во јавноста по триумфот во „Ѕвездите на Гранд“. Сепак, освен информациите дека студира медицина, малку се знае за оваа талентирана девојка. Причината за тоа е што Славица за време на натпреварот не сакаше да открива детали од приватниот живот и по победата.

Нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид по победата призна дека Славица имала емотивни проблеми за време на натпреварот, но и забранил на победничката да зборува за нејзиниот љубовен живот.

Како што претходно пишуваше Гранд, Славица за време на натпреварот се зближила со колегата Велсан Зуловиќ од Бијело Поље, а љубовта се разгорела токму на пробите на менторот, пишува вечерва Блиц.рс

– Се запознаа на натпреварот, беа на „здраво-здраво“, а се зближија на менторските часови кај Ѓорѓе. Љубовта се запали речиси на прв поглед на пробите, иако се трудат тоа да го скријат од другите. Забележавме дека таму нешто се случува, но тие сепак нема да признаат – изјави неодамна изворот и продолжи:

– Многу се симпатично, млади се, така што им одговара, но мислам дека се плашат да ја обелоденат својата врска затоа што натпреварот се уште трае. Потоа зборуваше нивниот ментор Ѓорѓе Давид, кој беше многу краток.

– Како дознавте? Апсолутно нема да коментирам за ничиј љубовен живот. На сите им ја посакувам сета среќа и љубов на светот – беше краток Ѓорѓе, а откако му кажаа дека има докази од менторските проби, слатко се насмевна и рече:

– Полека, луѓе! Има време за се, натпреварувањето нека биде приоритет.

Победничката има 21 година, додека нејзиниот избраник 24. Завршил фризерско училиште, а во слободно време сака да рибари.