Според првичните неофицијални информации, Стевчо Јакимовски има благо водство во општина Карпош пред кандидатот на СДСМ, Душко Вескоски.

Во Тетово најверојатно ќе има промена на локалната власт, бидејќи Билал Касами води пред Теута Арифи, според првичните неофицијални резултати.

Претседателот на Движење Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, Биљал Касами претпладнево гласаше за вториот круг од Локалните избори на гласачкото место 1947 во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.

-Денес излегов да го искористам моето уставно право за да гласам за идните локални власти во општина Тетово. Апелирам до сите мои сограѓани масовно да излезат да гласаат и да го искористат своето уставно право и да одлучуваат за иднината на Тетово, да одлучуваат за иднината на своите деца. Со вашиот гарантиран глас гласате за подобро утро за посветло утро. Како што денес е сончев ден се надеваме дека со вашиот глас вие ќе гласате за посветла иднина на Тетово и нејзините граѓани, изјави Биљал Касами.